Aness Suheil Barghoti
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
РАМАЛА (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, укажа на неопходноста за одржување на парламентарни и претседателски избори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлучивме првин да се одржат парламентарни, а потоа претседателски избори, како и тоа дека изборите мора да се одржат во Газа и Источен Ерусалим (Кудс), заедно со Западниот Брег“, рече Абас за време на церемонијата за одбележување на 15. годишнина од смртта на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат.
„Без Газа и Источен Ерусалим нема да има избори“, нагласи Абас.
„Под сите околности, ние ќе ги одржиме изборите и потоа се надевам на исполнување на нашиот сон за независна држава на Палестинците“, додаде тој.