АНКАРА
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денеска изјави дека Турција е подготвена да помогне во зајакнувањето на воената ефикасност на Ирак преку споделување на своето знаење и искуство како членка на НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи во Карс, североисточна Турција, каде се одржуваат заеднички турско-азербејџански воени вежби, Акар исто така рече дека турските гранични операции од 2016 година го уништиле терористичкиот коридор што терористичките групи се обидувале да го формираат во северна Сирија и дека тој не може повторно да се формира таму.
„Сите треба добро да размислат како би изгледал приливот на мигранти во Европа доколку Турција не се ангажираше", нагласи Акар.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Турските официјални претставници нагласија дека доколку турските сили не ги заштителе локалните жители од угнетувањето на терористичката организација ЈПГ/ПКК, ќе дошло до голем прилив на бегалци.
Коментирајќи ја актуелната ситуација во региониот, Акар рече дека Турција се залага регионалните прашања, вклучувајќи ги прашањата на Кипар и Источен Медтеран, да се решаваат во рамките на рационален, логичен и здрав разум.
„Грција треба да се воздржи од кревање тензии и да престане да користи заканувачки јазик“, рече Акар, додавајќи дека тие треба да видат дека ваквите потези нема да ги одведат никаде.
Акар исто така ја нагласи важноста на улогата на Турските вооружени сили во настаните во Либија.
На 5 февруари Либија го избра својот привремен претседател и премиер да ја водат државата до одржувањето на изборите овој декември.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен долгогодишниот лидер на земјата, Муамер Гадафи. Водачот на сепаратистичките сили од источна Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напади за заземање на Триполи, кои беа спречени од силите на Владата на национално единство на Либија.
Владата на Либија е формирана во 2015 година врз основа на Договорот на иницијатива на Обединетите нации, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради воената офанзива на силите на Хафтар.