Gülşen Topçu
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
КАИРО (АА) - Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Шукри, истакна дека веќе нема место за преговори или за компромисни решенија во врска со листата со барања упатени до Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Шукри телефонски се приклучи во програмата на една приватна телевизија во Египет, при што ја оцени листата со барања упатени до Кадар од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет.
„На безбедноста на Саудиска Арабија и Египет не може да се гледа одделно, и ова прашање не трпи преговори. Веќе нема потреба за преговори со Катар или за компромисни решенија“, вели Шукри.
Шукри нагласи дека со Катар ќе се седне на преговарачка маса, само ако бидат исполнети сите барања на земјите што го поставија ембаргото. Во врска со одговорот на Катар за листата со барања, Шукри истакна: „Празна содржина, долга и негативна“
Египетскиот министер се осврна и на состанокот што треба да се реализира во главниот град на Бахреин, Манама. Тој додаде дека на состанокот ќе се дискутира за кризата со Катар, а по состанокот можно е да се преземат некои мерки.
Шукри го негираше тврдењето дека земјите што го поставија ембаргото ги намалиле своите барања од 13 на 6.
Четирите земји што поставија ембарго кон Катар упатија листа со барања до земјата, којашто опфаќа 13 барања, како затворање на воената база на Турција во Катар, прекинување на односите со Иран, затворање на телевизијата „Al Jezeera“ (Ал-Џезира), и му дадоа рок на Катар до 3 јуни да одговори на барањата. Со барање на кувајтскиот емир, шеикот Сабах ал-Ахмед ал-Џабар ас-Сабах, овој рок беше продолжен за дополнителни 48 часа, и тој истече.
Во заедничко соопштение на Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин, објавено преку официјалните новински агенции на овие земји, беше наведено дека е добиен одговор на администрацијата од Доха за листата со 13 барања, и во соодветно време ќе се даде одговор на тоа.