Riyaz Khaliq Khaliq
25 Септември 2026•Ажурирано: 25 Септември 2026
Илјадници луѓе останаа без струја откако тајфунот Дуџуан погоди делови од Јапонија, оштетувајќи електроенергетски и комуникациски линии, при што загинаа најмалку 11 лица, а три се водат како исчезнати, јавува Анадолу.
Повеќе од 10.000 домаќинства во околината на Токио и денес останаа без струја откако тајфунот донесе рекордни врнежи во Источна Јапонија претходно оваа недела, објави Кјодо њуз.
Компанијата за снабдување со електрична енергија „ТЕПКО Пауер Грид“ предупреди дека „прекините во снабдувањето би можеле да продолжат подолг период бидејќи патиштата се блокирани од свлечишта и паднати дрвја на широки подрачја, што на некои локации им се оневозможува на екипите дури и да ги проверат оштетените објекти“, се додава во извештајот.
Прекини се пријавени во префектурите Чиба и Канагава, поради што жителите се соочуваат со високи температури и недостиг од вода за домашна употреба.
Стотици домаќинства, исто така, останаа без вода откако невремето го погоди регионот претходно оваа недела.
Јапонскиот министер за земјиште, инфраструктура, транспорт и туризам Тацунори Ибајаши вети дека властите „ќе направат сè што можат“ за тековните напори за закрепнување.