Mümin Altaş
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим по средбата со премиерот на Ирак, Хајдар ал-Абади, истакна дека целта на Анкара е оние што ја донеле одлуката за нелегитимен референдум во северниот дел на Ирак да се вратат на здравиот разум и Уставот на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата цел е на службените лица кои ја донесоа одлуката за одржување референдум, да го вратат здравиот разум и Уставот на Ирак. Ние стоиме со Ирак во врска со преземање на сите мерки на претпазливост за регионалната курдска администрација да не може ни себе ни целата територија на Ирак да ја изложени на нови проблеми ", изјави Јилдирим на прес-конференција.
Тој истакна дека Турција и Ирак имаат силни односи, додавајќи дека двете земји делат многу заеднички вредности.
„Среќа на нашите браќа во Ирак е и наша среќа. Нивната болка е и наша болка. Поради ова, Турција целосно го поддржува територијалниот интегритет на Ирак и политичкото единство на земјата", рече турскиот премиер.
На крајот тој истакна дека Турција и Ирак во наредниот период ќе превземат дополнителни напори за интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена.
Ал-Абади изјави дека неговата земја во следниот период ќе се обиде додатно да ги продлабочи односите со Турција, особено во областа на економијата, енергетиката и културата.
„Ние мора да продолжиме да работиме во интерес на двете земји, посветени на развојот и напредокот, безбедноста и стабилноста во регионот да се доведе до уште повисоко ниво", рече Ал-Абади.
Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади изјави дека Ирачаните избрале да бидат единствени во борбата против тероризмот кој, како што рече, сака да ја подели нивната земја.
„Со овој пристап имаат постигнато успех, а така и понатаму продолжуваат", рече Ал-Абади, изразувајќи надеж дека во цел Ирак наскоро ќе се воспостави стабилност и безбедност.
„Ирак со соседните земји ќе ги реализира плановите во областа на инфраструктурата и развојот, со што ќе се испрати силна порака. Оваа порака значи дека оние кои со тероризмот сакаа да го уништат и поделат регионот, не успеаја во тоа и нема да успеат", рече премиерот во Ирак.
Ал-Абади, се наоѓа во официјална посета на Турција, каде што претходно во средата се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.