Gökhan Varan
10 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со примирјето постигнато помеѓу Азербејџан и Ерменија по средбата одржана во Москва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во вооружените судири што започнаа на 27 септември 2020 година, Азербејџан на Ерменија и на целиот свет им покажа дека со своите можности и самодоверба може да ги врати своите територии кои веќе 30 години се под окупација“, се нагласува во писменото соопштение на ова министерство.
Се истакнува дека во овој процес, од целиот свет се упатуваат апели за примирје и дека Азербејџан последен пат ѝ дава можност на Ерменија да се повлече од окупираните територии.
„Хуманитарното примирје прогласено со цел размена на заложници и трупови, е важен чекор, но нема да го фати местото на постојаното решение. Турција од самиот почеток нагласи дека ги поддржува само тие решенија за кои се согласува Азербејџан. Со ова разбирање, на терен и на маса (Турција) ќе продолжи да стои покрај Азербејџан“, се вели во соопштението.