Faruk Zorlu
19 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
АНКАРА (AA) – „Турција ја разбира загриженоста на НАТО-пактот во врска со набавката на рускиот систем за одбрана S-400“, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме да ја земеме предвид загриженоста на НАТО (во врска со S-400). Неточно е да се каже дека Турција тоа не го зема предвид. Секогаш сме чувствителни. Нашите сојузници и НАТО мораат, исто така, добро да го разберат ова. Нам итно ни е потребен систем за противвоздушна одбрана“, рече Чавушоглу по средбата со романските и полските колеги во главниот турски град, Анкара.
Вашингтон се обидува да го спречи турското купување на системот „S-400“.
Американските функционери предложија Турција да го купи нивниот ракетен систем „Патриот“, наместо да го купи „S-400“, тврдејќи дека тоа е неспоиво со НАТО-системот.
Турција одговори дека одбивањето на САД да ги продаде системите „Патриот“ довело до тоа да бара други продавачи, додавајќи дека Русија понудила подобар договор, вклучувајќи размена на технологијата.