Atila Altuntaş
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Финскиот министер за економија, Александер Стуб, изјави дека Финска не го прифаќа данскиот предлог, во рамките на решавањето на бегалската криза да се формира заедничка скандинавска граница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шведската новинска агенција ТТ јавува дека финскиот министер Стуб предлогот на Данска за воспоставување на заедничка скандинавска контрола на границите го оценил како „неприфатлив”.
„Нема потреба од подигнување на нови ѕидови во Европа откако е вратена контролата на шенгенските граници”, порача Стуб.
Властите на Норвешка досега се немаат изјаснето за данскиот предлог за воспоставување на заедничка контрола на движењето на мигрантите на границите на скандинавските земји, а шведски официјални лица соопштија дека во Шведска е отворена расправа за тој предлог.