Hamdi Yıldız
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Терористичката милиција на Хафтар, која е протерана од либиските сили, пред да го напушти југот на Триполи поставила мини во куќите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Владата за национално единство, се наведува и дека Управата за експлозиви открила 5 тони воен материјал, составен од ракети и проектили, што милицијата на Хафтар ги користела во регионот за време на нападите што траат една година.
Се додава дека воениот материјал е целосно уништен.