Zehra Ulucak
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ВЕЛИНГТОН/АНКАРА (АА) – Во Нов Зеланд не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19 во последните 24 часа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Нов Зеланд хералд“ (New Zealand Herald), за првпат во Нов Зеланд по 50 дена не е регистриран нов случај на новиот вид коронавирус Ковид-19.
Директорот за јавно здравје на Нов Зеланд, д-р Ешли Блумфилд, истакнувајќи дека не е евидентиран нов случај со коронавирусот рече дека бројот на потврдените случаи останува ист како и вчера.
Наведувајќи дека бројките се охрабрувачки, Блумфилд рече: „За нас е многу важно да одржуваме дисциплина и да бидеме будни.“
Блумфилд истакна дека резултатот е „причина за прослава и симбол на напорите на целата земја“.
Во Нов Зеланд досега се регистрирани 1.487 случаи со новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 20 лица, а излекувани се 1.276 лица.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на 27 април изјави дека нејзината земја забележала победа во војната со Ковид-19.
- Во Кина во последните 24 часа не се забележани смртни случаи од Ковид-19 -
Според соопштението на кинеската Национална здравствена комисија, во последните 24 часа биле регистрирани вкупно 3 случаи на Ковид-19, сите со потекло од странство, а нови починати од вирусот нема.
Во Кина, каде што се појави новиот вид коронавирус, вкупниот број на случаи на Ковид-19 е зголемен на 82.880. Во земјата од вирусот починаа 4.633 лица, а излекувани се 77.766 лица.