Ruslan Rehimov
20 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Операциите започнати од азербејџанската Армија за ослободување на своите територии продолжуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан во писмено соопштение истакна дека во текот на целата ноќ со различен интензитет продолжиле операциите против ерменските сили, кои давале отпор во Агдере, Агдам, Фузули, Џебраил, Губадли и Зенгилан.
Се наведува дека ерменските сили со топови и минофрлачи отвориле оган кон одбранбената линија на азербејџанската Армија и дека азербејџанската Армија уништила 2 тенка од типот „T-72“, 4 ракетни системи „Град“, 1 хаубица „Д-30“ и возила што им припаѓаат на ерменските сили.
Во текот на операциите неутрализирани се голем број ерменски војници, а ситуацијата на линијата на фронтот е под контрола на азербејџанската Армија.