Sayed Khodaberdi Sadat
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
МЕЗАР-И ШЕРИФ (AA) - Во бомбашки напад изведен во Мезар-и Шериф на северот на Авганистан ранети се 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските функционери потврдија дека експлозивната направа е монтирана на полициско возило и дека е активирана пред еден маркет во центарот на градот.
Истакнаа дека се ранети 11 лица, од кои двајца полицајци. Меѓу ранетите има и оние кои се во тешка здравствена состојба. Изгоре и едно такси возило во близина. Сеуште никој не презеде одговорност за нападот.