Ali Cura
31 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
КИЕВ (AA) - Ослободени се и преостанатите шест заложници од поштата во украинскиот Харков бидејќи во вечерните саати беше во тек заложничката криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Украинскиот претседател Петро Порошенко на социјалната мрежа потврди дека е изведена акција на специјалните едници и дека е фатено лице кое држеше заложници во пошта. Сите заложници се спасени без повреди.
И началникот на украинската полиција Сергеј Ниазев изјави дека на заложниците не им е направено ништо и дека се спасени сите.
Не е откриен идентитетот на осомниченото лице, а во тек е истрага за овој настан. Едно лице зеде за заложници 11 лица во вечерните саати во украинскиот Харков. Ослободени беа пет лица, меѓу нив жени и деца.