Sayed Khodaiberdi Sadat
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
КАБУЛ
Во напад на талибанските милитанти во покраината Бадгис во западниот дел на Авганистан загинаа 13 стражари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нејмудин Бурхани, портпаролот на гувернерот на Бадгис, за новинарите изјави дека милитантите извршиле напад на стражарница во местото Ламан.
Тој истакна дека во нападот загинале вкупно 13 стражари, додека талибанците зеле уште седум стражари како заложници.
Талибанците сè уште не се огласија во врска со нападот.