Sayed Khodaberdi Sadat
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
КАБУЛ (АА) - Во напад на талибанците во покраината Хелманд, во јужниот дел на Авганистан, загинаа 11 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Хелманд, Хајатула Хајат, за АА изјави дека милитантите нападнале полициска станица во Лашкаргах.
Хајат додаде дека во нападот се ранети осум лица, а загинати има и на талибанската страна.
Од друга страна, во бомбашки напад во Мезар-и-Шериф загина едно лице.
Шефот на полицијата во Белх, Абдул Разак Кадири, изјави дека во експлозијата на бомба поставена на возило биле ранети две лица. Сѐ уште никој не презеде одговорност за овој напад.