Safvan Allahverdi
17 Декември 2017•Ажурирај: 18 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Илјадници демонстранти се собраа пред Белата куќа во знак на протест против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го признае Кудс за главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемите муслимански организации за граѓански права, Советот за американско-исламски односи (CAIR), Американските муслимани за Палестина (AMP), Исламски круг за Северна Америка (ICNA), Муслиманско-американско општество (MAS), Советот на САД за муслимански организации, Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) и организацијата Здружени Евреи против ционизмот ги изнесоа своите поплаки во главниот американски град.
Минатата недела, американскиот претседател ја објави одлуката за признавање на Кудс за главен град на Израел и преместување на амбасадата од Тел Авив во Кудс. Драматичниот пресврт во американската политика предизвика низата осуди и протести низ муслиманските и арапските земји.
На самитот во Истанбул, кој беше одржан во вторникот, Организацијата за исламска соработка (OIC) одговори на контроверзниот потег на САД.
Демонстрантите за време на протестот пред Белата куќа го поздравија цврстиот став на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган против потегот на САД, извикувајќи: „Реџеп Таип Ердоган, вистински лидер на уметот (муслиманите)“.
Абдула Ханија, еден од демонстрантите, изјави дека тој со неговото семејство дошле од Чикаго за да се спротистават на одлуката на Трамп, и да ја покажат својата солидарност.
„Ние го сакаме турскиот народ и претседателот Ердоган“, рече Ханија за АА.
„Тој е вистински лидер на муслиманите и сакаме сите муслимански лидери да покажат солидарност за Палестина и за Кудс како што покажува тој“.
Рабинот Исраил Давид Веис и многу други евреи од Њујорк и Вашингон од Еврејското здружение против ционизмот, беа исто така меѓу демонстрантите кои учествуваа на протестот, иако тие не треба да патуваат во саботите поради религиозното убедување.
Додека муслиманите ја извршуваа дневната молитва, рабинот Веис и неговите придружници држеа транспаренти на кои пишуваше:
„Вистинските евреи во Кудс и пошироко низ светот ја осудуваат агресијата на Ал Акса и окупацијата на Палестина“ и „Јудаизмот го отрфла ционизмот и државата Израел“.
Демонстрантите се спротиставија на Израел и на одлуката на Трамп за Кудс, држејќи во рацете транспаренти на кои пишуваше: „Стоп за окупацијата на Палестина“, „Кудс им припаѓа на Палестинците“ и „Ја отфрламе одлуката на Трамп“. Протестот заврши мирно пред Конгресот на САД.
Кудс останува во сржта на израелско-палестинскиот конфликт, а Палестинците се надеваат дека Источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска земја.