Sayed Khodaberdi Sadat
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
МЕЗАР-И-ШАРИФ (АА) - Најмалку 27 лица загинаа за време на судир меѓу вооружените припадници на радикалното талибанско движење и локалната стража на авганистанските сили за безбедност во градот Гуризван во северната авганистанска покраина Фарјаб, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на полицијата во Фарјаб, Саид Ака Андераби, за АА изјави дека талибанците доцна синоќа отвориле оган врз патролата на локалната стража во Гуризван, а притоа дошло и до размена на оган.
Андераби изјави дека во судирот се убиени 26 милитанти, а дека загинал и еден командант на локалните авганистански сили
Десетина вооружани талибанци побегнаа од седиштето на судирот кога на стражата ѝ стигнале полициски единици за поддршка.
Досега талибанското движење не се одзва за овој случај.