Hasan Tosun
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ВИЕНА (АА) - Ладната вода на реката Дунав и пријатната ладовина на парковите и овој викенд привлекоа илјадници мештани и туристи на австрискиот главен град Виена, кој е зафатен под влијание на топлотен бран, јавува Anadolu Agency (AA).
Наглото затоплување и качување на живата и до 40-от степен на термометарот ги натера локалните жители и илјадници туристи да бараат освежување во уредените паркови, фонтани и на брегот на реката Дунав.
Паралелно со тоа, голема посетеност бележи и базенот со вештачки бранови за сурфање којшто се наоѓа во центарот на Виена.
Тешко е да се каже што посетителите на овој базен повеќе ги одушевува, храброста на професионалните сурфери или акробациите на оние кои се обидуваат да ги направат првите сурферски чекори и да се искачат на првите бранови.