Halil Silahşör,Bilal Güler
24 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Авганистанскиот претседател Ашраф Гани во знак на добра волја и јакнење на односите донесе одлуката за пуштање на слобода на пакистанските затвореници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според одлуката на претседателот, затворениците од Пакистан на кои им останале затворски казни од уште еден месец или оние кои служат затворска казна поради неплаќање на парична казна, ќе бидат пуштени на слобода.
Специјалниот претставник на Пакистан за Авганистан, Мухамед Садик, на својот профил на Твитер изрази задоволство поради донесувањето на таквата одлука.
„Пакистан е благодарен на претседателот Ашраф Гани поради донесувањето на одлуката за пуштање на слобода на пакистанските затвореници со цел јакнење на односите меѓу Авганистан и Пакистан“, истакна Садик.
Одлуката следуваше по еднодневната посета на пакистанскиот премиер Имран Кан.