Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Септември 2021•Ажурирај: 05 Септември 2021
КАБУЛ (АА) - Во главниот град на Авганистан, Кабул, жените излегоа на улица и од талибанското движење бараат идната влада да ги заштити нивните права и слободи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестот е одржан на платото пред Претседателската палата на Авганистан, а демонстрантите бараа во идната влада да бидат вклучени и жени.
„Мажите и жените имаат еднакви права!“ „Општеството без жени е мртво општество!“ - ова се пораки кои демонстрантите ги испишаа на транспаренти.
„Се собравме тука да ги браниме материјалните и духовните права на жените и да го испратиме својот глас во светот“, порача Самир Хајирхав.
Вчера Авганистанките одржаа слични протести и во Херат, третиот најголем град во таа земја.