Recep Şakar
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
МЕЛБУРН
Премиерот на Австралија Скот Морисон истакна дека туристите ќе можат да ја посетат земјата од следната година, бидејќи нивен приоритет во моментов е доаѓањето на квалификувани имигранти и странски студенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за австралискиот „Канал 7“, Морисон се осврна на приоритетните лица на кои ќе им се дозволи влез во земјата откако во ноември ќе бидат отворени меѓународните граници, кои се затворени од март 2020 година поради спречување на ширење на Ковид-19.
Истакнувајќи дека поотворањето на границите приоритет ќе им се даде на граѓаните на Австралија кои се во странство, Морисон соопшти дека граѓаните кои имаат две дози од вакцина против Ковид-19, ќе бидат во карантин 7 дена во сопствените домови.
Истакнувајќи дека туристите не се на првите две места на листата на приоритетни лица што ќе доаѓаат во Австралија, Морисон соопшти дека туристите ќе ги примаат од 2022 година.
„Следниот приоритет покрај квалификуваните мигранти вакцинирани со две дози кои се важни за земјата се и студентите кои доаѓаат во Австралија заради школување и потоа се враќаат. Верувам дека следната година ќе примиме и меѓународни туристи“, рече Морисон.
Австралискиот премиер Скот Морисон неодамна соопшти дека во ноември ќе бидат отворени меѓународните граници, кои беа затворени во март 2020 година за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Во Австралија, каде се очекува стапката на вакцинирани со две дози да достигне 80 проценти до крајот на октомври, стапката на оние кои примиле две дози од вакцината против „Ковид-19“ изнесува 57,4 проценти, а стапката на лица вакцинирани со една доза е 79,9 проценти.
И покрај строгите мерки против ширењето на коронавирусот што беа воведени на 25 јануари 2020 година, кога вирусот за прв пат беше регистриран во Австралија, досега на овој континет се регистрирани вкупно 115.859 случаи на зараза со Ковид-19, од кои животот го загубија 1.355 луѓе.
Во Австралија, во моментов има 23.354 активни случаи, а 298 од 1.535 хоспитализирани пациенти се на интензивна нега.