Gökhan Kavak
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
АДИС АБЕБА
Премиерот Абиј Ахмед, кој ја презеде функцијата со победата на изборите во Етиопија, истакна дека наскоро ќе иницира сеопфатен процес на национален дијалог за да се обезбеди мир и стабилност во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на церемонијата на положување заклетва, 45-годишниот добитник на Нобеловата награда за мир Ахмед повика на национален дијалог.
„Ова ќе ги вклучи сите сегменти на општеството, не само политичките лидери“, нагласи Ахмед.
На свечената заклетва, Ахмед, кој ќе биде премиер уште 5 години, присуствуваа Африканските лидери како што се претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, нигерискиот претседател Мухамаду Бухари и кенискиот претседател Ухуру Кенијата.
Владејачката Партија за просперитет, предводена од премиерот Ахмед, победи на општите избори во земјата што се одржаа на 21 јуни.
Во најнаселената држава Оромија, водечките опозициски партии ги бојкотираа изборите поради притисокот и притворот на политичарите.
Етиопија, со население од приближно 110 милиони, се состои од 10 провинции и две специјални градски влади како што се Адис Абеба и Dire Dawa.