Tayfun Salcı
14 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ЛОНДОН (AA) - Едно лице е уапсено откако со автомобил удри во безбедносната бариера пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата е соопштено дека автомобилот удрил во безбедносната бариера во утринските часови. Истакнаа дека е приведен возачот на автомобилот и дека се повредени неколку цивили.
Минатата година во Лондон на мостот „Вестминстер“ и во британскиот Парламент напаѓач усмрти четири лица, меѓу кои имаше и полицајци. Напаѓачот Адриан Расел Ајао потоа е неутрализиран. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ, а напаѓачот е 52-годишен Британец.