Muhammet İkbal Arslan
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Минатомесечните земјотреси во Туркије може да ја чинат земјата повеќе од 100 милјарди долари, се проценува од Програмата за развој на ОН (UNDP), јавува Анадолу.
Луиза Винтон, претставничка на УНДП во Туркије, соопшти дека 2,7 милиони луѓе се раселени поради земјотресите што го погодија регионот пред еден месец.
„Речиси 600.000 згради се урнаа“, додаде таа на неделната прес-конференција.
„Според досегашните проценки, штетата ќе чини повеќе од 100 милијарди долари“, рече таа, говорејќи преку видеоврска од турската област Газиантеп, што е погодена од земјотресот.
На 6 февруари, два силни земјотреси ја погодија јужна Туркије.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала се случија со епицентар во Кахраманмараш и потресоа 10 други области - Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг. Околу 13,5 милиони луѓе се погодени од разорните земјотреси.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа потресите што ги погодија за помалку од 10 часа.
Според најновите официјални податоци, повеќе од 46.100 луѓе загинаа во земјотресите во Туркије. Илјадници други беа повредени.