Ruslan Rehimov
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Во артилериските и ракетните напади на Ерменија извршени во населените места на Азербејџан досега загинаа 92 цивили, додека се повредени 404 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан соопшти дека во болница почина еден цивил кој беше ранет во ракетниот напад организиран од Ерменија врз градот Берде на 28 октомври.
Според тоа, во периодот од 27 септември до 5 ноември загинаа 92 азербејџански цивили, додека 404 лица се повредени.
Поради нападите на Ерменија, 2.971 куќа, 100 стана и 502 јавни објекти се во неупотреблива состојба.