Ruslan Rehimov
15 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Хикмет Хаџијев, советникот на претседателот на Азербејџан, организираше прес-конференција на која информираше дека администрацијата од Ереван преку Русија побарала продолжување на периодот за напуштање на Келбаџар, по што Азербејџан, демонстрирајќи хуманост, прифатил продолжување на периодот до 25 ноември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изјавувајќи дека се влошени временските услови во регионот и потсетувајќи дека единствениот пат што води во тој правец е тесен, Хаџијев истакна дека Азербејџан, имајќи ги предвид овие услови, го продолжил периодот за евакуација на цивилите на Ерменија.
Хаџијев потсети дека по окупацијата во 1993 година, во Келбаџар имало големи илегални населувања од страна на ерменската популација.
Со посредство на Русија, Азербејџан и Ерменија на 10 ноември постигнаа договор според кој ерменската Војска до 15 ноември требаше да го напушти Келбаџар.