Faruk Zorlu
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БАКУ
Најмалку 2.300 ерменски војници се неутрализирани во контранападот од страна на азербејџанските трупи, што го спроведоа за да ги спасат нивните окупирани територии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека 2.300 ерменски војници биле убиени и повредени од 27 септември.
„Исто така, уништени се приближно 130 тенкови и оклопни возила, повеќе од 200 артилериски и ракетни системи, речиси 25 системи за противвоздушна одбрана, шест командни и набљудувачки зони, пет складишта за муниција, приближно 50 противтенковски пиштоли и 55 автомобили“, се додава во соопштението.
Во меѓувреме, Министерството соопшти дека Ерменија го нападнала азербејџанскиот регион Тертер со артилериски оган во утринските часови.
„Инфраструктурата претрпе штета во регионот, а нема повредени цивили во нападите“, се наведува во соопштението.
Пограничните судири избија откако ерменските сили извршија напади врз азербејџанските цивилни населби и воените позиции во регионот, познат како Нагорно Карабах.
Парламентот на Азербејџан, по пограничните прекршувања и напади од страна на Ерменија во окупираниот регион Нагорно Карабах, прогласи воена состојба во некои градови и области.
Азербејџан во понеделникот прогласи делумна воена мобилизација.
Односите меѓу двете поранешни советски нации се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу останатите, апелираат на итен прекин на судирите во окупираниот регион.
Авганистан и Азербејџан имаат заеднички пријателски врски. Азербејџанските трупи се ангажирани и во мисиите за обука на авганистанските безбедносни сили, предводени од НАТО.