Ruslan Rehimov
01 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
БАКУ (АА) - Во рамки на операцијата спроведена во Азербејџан против иранска шпионска мрежа се приведени 39 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од извори на Министерството за внатрешни работи на Азербејџан, вчера била започната операција во Баку и околните подрачја врз одредени институции и фирми.
Се истакнува дека во рамки на операцијата биле приведени 39 лица со образложение дека извршиле сепаратистички активности во име на религијата.
Се тврди дека овие лица на социјалните мрежи вршеле проиранска пропаганда со цел да предизвикаат судири меѓу различни секти во Азербејџан, ги извршувале мисиите на иранското разузнавање и пренесувале информации.
Меѓу институциите врз кои азербејџанското Министерство за внатрешни работи спроведе операција, се наоѓаат и телевизискиот канал „Интераз“ (İnteraz), како и новинската агенција „Салам њуз“ (SalamNews), кои се познати како проирански.