Ruslan Rehimov
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија уништи две складишта за муниција на ерменските сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека две складишта за муниција на ерменските сили биле уништени во градот Ханкенди во Нагорно Карабах, кој е под окупација.
Министерството снимките од уништувањето на складиштата ги сподели со јавноста.
- Конфликтот во Нагорно Карабах -
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.
Околу 20 отсто од територијата на Азербејџан, меѓу која и Нагорно Карабах и седум соседни региони, се под нелегална ерменска окупација речиси три децении.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.