Ruslan Rehimov
21 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија неутрализира баталјон кој припаѓа на ерменската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштнието на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека во операциите изведени во близина на Џебраил уништен е 556. баталјон на ерменската Армија.
Се истакнува дека припадниците на баталјонот, составен од приближно 400 војници на договор, е неутрализиран и дека воената единица се вратила во градот Арарат во Ерменија за да се реконструира.
Исто така, во соопштението се забележува дека командантот на баталјонот е разрешен затоа што одбил да ги испрати преостанатите припадници повторно да се борат и дека започнало испитување на многу војници кои одбиле да одат во војна.