Kasım İleri
21 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Воениот авион од типот „Ф/A-18E Супер хорнет“ при Морнарицата на САД, со седиште во сојузната држава Калифорнија, се сруши за време на летот за обука, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Воздухопловните сили при Морнарицата на САД, Зач Харел, истакна дека воениот авион се срушил извесно време по полетувањето од базата Лемур.
Харел нагласи дека пилотот на овој авион се спасил преку катапултирање.
Според него, пилотот е пренесен во болница и е вон животна опасност.