Ruslan Rehimov
28 Септември 2020•Ажурирај: 28 Септември 2020
БАКУ
Азербејџанската Армија во контранападот против ерменските сили ја презеде контролата над некои стратешки врвови околу селото Талиш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека позициите на ерменската Армија биле погодени со ракети и артилерија, а ерменските сили се повлекле.
Исто така се наведува дека некои високи предели околу селото Талиш во близина на регионот Тертер се исчистени од окупаторските сили.
Во соопштението се додава дека ерменските сили претрпеле големи загуби.
Министерството сподели и снимки од воздух на кои се гледаат трупови на ерменски војници.