Adam Abu-bashal
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на дијагностицирани случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент надмина 1 милион 467 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 8.365 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.467.555.
Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 135 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 35.215.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (16.398 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.883) и Алжир (2.069 смртни случаи).
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (670.766), по која следуваат Мароко (117.685) и Египет (102.840).
Во Африка од вирусот досега излекувани се вкупно 1.213.045 лица.