Ruslan Rehimov
18 Октомври 2020•Ажурирај: 19 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџанската Војска сруши воен авион од типот „Су-25“ на ерменската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се наведува дека денес околу 12:30 часот по локално време воен авион на Ерменија од типот „Су-25“ извршил обид за напад врз азербејџанската Војска, што бил насочен кон градот Џебраил.
Во соопштението се истакнува дека авионот бил срушен од страна на Воздушните одбранбени сили на Азербејџан.
Инаку, Азербајџан и вчера сруши воен авион од типот „Су-25“ на ерменската Војска.