Ruslan Rehimov
27 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека заробени се шест ерменски војници кои поставувале мини на патиштата за снабдување на азербејџанските војници на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека тимови за извидување и саботажа на Ерменската армија се обиделе да ја преминат границата во правец на областа Калбаџар на 27 мај околу 03:00 часот.
Исто така, се наведува дека групата поставила мини на рутата за снабдување што ја користела Азербејџанската армија и дека шесте ерменски војници биле опколени и заробени во операцијата на Армијата на Азербејџан.
Меѓу другото во соопштението се истакнува дека ерменските војници се собрале во регионот со неколку воени возила, вклучително и со тенкови, но дека нивните движења биле спречени како резултат на мерките преземени од азербејџанските војници.