Haydar Hadi
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
БАГДАД (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади изјави дека ирачките сили воспоставиле контрола над сите спорни региони во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Силите лојални на властите во Багдад воспоставија контрола над сите спорни региони“, изјави ал-Абади на прес конференцијата во зградата на Владата во Багдад.
Тој истакна дека наскоро ќе ги исплатат и платите на пешмергите и службениците на Регионалната курдска управа во северот на Ирак.
Ал Абади нагласи дека сепак се крајно неприфатливи провокативните вести на одредени медиуми во Регионалната курдска управа во северот на Ирак во кои се зборува за убивањето на припадниците на ирачките вооружени сили.
„Тоа всушност е воено злосторство“, истакна ал-Абади.
На крајот изјави дека верува дека наскоро ќе биде ослободен и Ал-Каим, помал град на ирачко-сириската граница, кој важи за последна тврдина на ДЕАШ.
Тој предупреди дека во Ирак постојат сеуште оние кои го поддржуваат и заговараат тероризмот.
Потсетуваме, тензиите меѓу централната и регионалната влада се зголемија по нелегитимниот референдум за независност кој Регионалната курдска управа во северот на Ирак го одржа на 25 септември.