Zehra Ulucak
31 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна оти верува дека Алијансата треба да води дијалог со Русија и Кина, нагласувајќи дека не сакаат нова студена војна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веруваме во дијалог бидејќи не сакаме нова студена војна“, истакна Столтенберг за време на посетата на Јапонија каде се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Тој нагласи и дека силно го поддржува Советот НАТО-Русија, додавајќи дека во НАТО немаат намера Русија и Кина да ги остават во изолација, напоменувајќи дека Алијансата силно се противи на трката во вооружувањето.
„Русија е наш сосед. Дури и кога имаме различни мислења, треба да седнеме и да ги решиме проблемите“, изјави Столтенберг.
На крајот нагласи дека ракетната и нуклеарна програма на Северна Кореја претставува глобална закана која, како рече, бара глобален одговор.
„Северна Кореја мора да се откаже од нуклеарната и балистичка програма“, истакна генералниот секретар на НАТО.
Тој додаде дека се согласува со премиерот на Јапонија за тоа дека е потребен посилен притисок на меѓународната заедница за проблемот со Северна Кореја да се реши по мирен пат.
Тој нагласи дека за време на состанокот е донесена одлуката НАТО да ја разбуди соработката со Јапонија во областите за безбедност, кибер напади и борба против тероризмот.