Yusuf Özcan
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
ПАРИЗ (АА) - Амбасадорот на Азербејџан во Париз, Рахман Мустафајев, излезе со реакција до француската новинска агенција „Agence France Presse'e (AFP)“ која не го објави интервјуто направено со него, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мустафајев на својот профил на Твитер напиша: „Штетата за АФП и [дописникот] Дидие Лорас, кои одбија да го објават моето интервју. Штета и за „Ле Фигаро“ и другите медиуми кои ветија, но не ги објавија нашите написи. Така функционира слободата на изразување во Франција.“
Амбасадорот Мустафајев сподели и слика од мејлот испратен од Лорас до него, и до уште едно лице по име Оливие.
„Со оглед на содржината на разговорите решивме да не го објавиме интервјуто. Обвиненијата што ги спомена не можеа да се потврдат“, се вели во мејлот на дописникот на АФП, Лаурас.