Mustafa Deveci
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Првиот официјален директен лет меѓу Израел и Судан, кои немаат дипломатски односи, го изведе авионот што го носеше американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Завршувајќи ги своите средби во Израел како дел од турнејата низ Блискиот Исток за нормализирање на односите меѓу Израел и другите арапски земји, Помпео од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив замина за Судан.
„Среќни сме што се наоѓаме на првиот официјален директен лет од Израел кон Судан“, напиша Помпео на својот профил на Твитер.
За време на неговата посета на Судан, Помпео се очекува да оствари средба со премиерот Абдула Хамдук и претседателот на Советот за суверенитет на Судан, генерал Абдулфетах ал Бурхан.
Наведено е дека за време на посетата на Помпео ќе се разговара за прашањето за нормализирање на односите меѓу Судан и Израел.
Исто така истакнато е дека после Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Судан, Бахреин и Оман можат да постигнат договор за нормализирање на односите со Израел.