Erbil Başay
25 Август 2020•Ажурирај: 25 Август 2020
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција за Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мас денес, пред неговата посета на Атина и Анкара, потсети дека Турција и Грција се сојузници на Германија во НАТО.
Истакнувајќи дека споровите во врска со природниот гас во Источниот Медитеран треба да се решат на меѓународна правна основа и со чесен дијалог, Мас нагласи:
„Тензиите не влијаат само на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција. Ескалирањето на тензиите ќе им штети на сите страни.“
Мас рече дека прозорците за дијалог меѓу Турција и Грција треба да се отвораат уште повеќе, а не да се затвораат. „За да се реализира тоа, наместо нови провокации треба да се направат чекори за намалување на тензиите и да се започне со директни преговори. Сакаме да го поддржиме тоа најдобро што можеме.“
Наведувајќи дека Германија го поддржува процесот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеф Борел, Мас рече дека оваа недела во Берлин со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ ќе се разговара за односите со Турција.