Hakan Çopur
11 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во петокот ќе започне турнеја во рамките на која ќе посети седум земји, вклучувајќи ја Турција, Франција и Израел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помпео говореше на прес-конференција, во рамките на која ја најави и својата турнеја.
„Од петок одам во Франција, Турција, Грузија, Израел, Катар, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија. На нашите состаноци ќе разговараме за многу прашања", рече Помпео.
Тврдејќи дека администрацијата на Доналд Трамп била успешна во блискоисточниот мировен процес, како и во процесот на „нормализација со Израел", Помпео изјави дека токму за тоа ќе стане збор во текот на овие посети.
Стејт Департментот наскоро би требало да ја објави програмата на посетите на Помпео.