Handan Kazancı
29 Октомври 2021•Ажурирај: 30 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ѝ ја честиташе на Турција 98-годишнината од прогласувањето на Турската Република, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во име на Соединетите Американски Држави, на народот на Турција му ја честитам 98-годишнината од основањето на Република Турција“, рече Блинкен во соопштението.
„Турција е важен сојузник во НАТО и партнер на САД. Турција со децении ги поддржува САД и меѓународната заедница за да се соочи со глобалните предизвици“, нагласи тој.
„Нашиот долгогодишен однос е изграден врз силна комерцијална, дипломатска и безбедносна соработка. Неверојатно длабоките врски меѓу Турција и САД опстојуваат со генерации и се од клучно значење за јачината на нашите односи“, истакна Блинкен.
„Испраќаме најдобри желби додека ја прославувате оваа посебна пригода и со нетрпение очекуваме да го прошириме нашето партнерство во претстојните години“, додаде тој.
На 29 октомври 1923 година, Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турската Република, официјално го прогласи името на нацијата и го прогласи статусот на земјата како Република. Оттогаш, Турција го слави Денот на Републиката секој 29 октомври.