Ahmed al-Masri,Gülşen Topçu
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) -Меѓународната невладина организација Амнести Интернешнал ги осуди мерките кои Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги воведоа на Катар, и побара веднаш да бидат укинати, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението е наведено дека мерките на трите заливски земји претставуваат немарливост кон животе на илјада луѓе, и значајна препрека кога е во прашање егзистенцијата и образованието на народот на овие земји.
Амнести Интернешнал бара итно укинување на мерките.
Помошник директорот на Програмата за глобални проблеми на АИ, Џејмс Линч, кој секоја недела го посетува главниот град Доха, порача дека овие радикални мерки ќе имаат големи последици.
„Децата ќе се одделат од своите мајки и татковци. Семејства ќе се растурат. Тоа не се однесува само на Катар, туку и на трите земји кои ги презедоа овие мерки- Жртвите од овие мерки можат да ја загубат својата работа или право на образование. Ги повикувам сите страни да се откажат од постапките кои ги нарушуваат човековите права”, порача Линч.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАР), Египет, Бахреин и Јемен, соопштија во понеделник дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар кој се товари за дестабилизација на регионот.
Саудиска Арабија, ОАР и Бахреин го затворија својот воздушен простор за Катар и наредија дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа. Властите на Јордан, исто така се придружија на Саудиска Арабија и другите земји и најавија деградација на дипломатските односи со Катар.