Atila Altuntaş
22 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, синоќа изјави дека нејзината земја отворено ја поддржува борбата против тероризмот и вметнувањето на ПКК на листата на терористички организации, известува Агенција Анадолија (АА).
По телефонскиот разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, премиерката Андерсон синоќа на шведската државна телевизија СВТ изјави дека Шведска го поддржува вметнувањето на ПКК на листата на терористички организации.
„Нагласив дека Шведска ја поздравува и заедничката борба против глобалниот тероризам. Истакнав дека отворено поддржувам во рамките на борбата против тероризмот, ПКК да се најде на листата на терористички организации“, рече таа.
Андерсон на социјалната мрежа Твитер објави дека се радува на зајакнувањето на билатералните односи со Турција.
„Го цениме состанокот со турскиот претседател Ердоган по прашањето на Шведска во НАТО. Се радуваме на зајакнувањето на билатералните односи, вклучувајќи го и полето на мирот, безбедноста и борбата против тероризмот“, реле Андерсон.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера разговараше со премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, околу барањето на официјален Стокхолм за приклучувањето во НАТО-алијансата.
Претседателот Ердоган во таа прилика ја информираше Андерсон за загриженоста на Турција во врска со активностите на терористичките групи ПКК/ЈПГ и ФЕТО во Шведска. Ердоган исто така кажа дека земјата која сака да стане членка на НАТО треба да ја прекине финансиската, политичката и поддршката во оружје на терористичките организации.
Претседателот Ердоган во четвртокот изјави дека Турција ќе каже „НЕ“ за влез на Финска и Шведска во НАТО, во моменти кога високите претставници на двете земји се подготвуваат да ја посетат Турција во следните денови.
Турција, долгогодишна членка на НАТО, изрази приговор на кандидатурата на Финска и Шведска за членство, критикувајќи ги овие две земји поради толеранцијата, па дури и поддршката на терористичките групи, вклучувајќи ја и ЈПГ/ПКК.
Во последните 5 години, и Хелсинки и Стокхолм не се согласија на барањата на Анкара за испорака на десетина терористи, вклучувајќи и припадници на ПКК и на ФЕТО, терористичката група која стои зад обидот за пуч во 2016 година во Турција.
Високи претставници на Финска и Шведска во следните денови би требало да ја посетат Турција за да одржат официјални разговори во Анкара по прашањето за процесот на нивното приклучување во НАТО.
Во период подолг од 35 години, ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени, деца и старци. ЈПГ е огранок на ПКК во Сирија.