Halit Süleyman
12 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ХОМС (АА) - Сирискиот антички град Палмира повторно падна под контрола на ДЕАШ, јавува Аnadolu Agency (AA).
Еден од локалните активисти во Палмира, Омер Хамза, во изјава за АА истакна дека како последица на неколкудневните судири со милитантите на ДЕАШ, историскиот град источно од Хомс повторно е под конторола на терористите на ДЕАШ.
Хамза пренесе дека во околината на градот продолжуваат големите судири и дека сириските авиони ги бомбардираат позициите на ДЕАШ.
Терористичката организација ДЕАШ на 20 мај 2015 година, по жестоките судири успеа да ја преземе контролата врз историскиот град Палмира. Додека минатиот март градот беше преземен од страна на режимските сили.
Пред граѓанската војна, Палмира беше една од најатрактивните туристички центри. Секоја години илјадници туристи доаѓаа да го видат античкот град.
Oрганизацијата за oбразование, наука и култура при ОН (УНЕСКО), истакна дека историскиот град Палмира како последица на бомбардирањата на ДЕАШ претерпел големи штети.
Делегација на УНЕСКО, којашто отиде да го види градот под заштита на безбедносните сили на ОН соопшти дека поголемиот дел од статуите, спомениците, гробиштата и други споменици на културата се уништени.