Afra Aksoy
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
КАИРО (AA) – Арапската лига излезе со изјава дека поради бескомпромисноста на Израел, затворен е хоризонтот за мировниот процес меѓу Израел и Палестина. Поради ова треба да се воспостави меѓународен механизам за овој мировен процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Помошник-секретарот на Арапската лига, Ахмед Бин Хилли, по средбата со делегацијата и со специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток одржа прес-конференција во седиштето на Арапската лига во Каиро.
Бин Халли изјави дека мировните преговори се во застој поради Израел, но тоа не се признава, и дека и понатаму продолжува изградбата на еврејски населби и вршењето на воени злосторства против палестинскиот народ.
Помошник-секретарот на Арапската лига изјави дека за повторно отпочнување на мировниот процес потребно е да се пуштат палестинските заложници, да се создаде позитивна атмосфера и поволна клима со посебни спогодбени договори за мировниот процес: „Хоризонтот на мировниот процес е затворен поради Израел. За тој мировен процес потребно е да се формира меѓународен механизам во одреден временски период“.
Од друга страна, се дознава дека министерот за надворешни работи на Египет, Самих Шукри заминал во Париз за повторно активирање на мировниот процес меѓу Израел и Палестина.
Според писмената изјава од Министерството за надворешни работи на Египет, Самих Шукри заминал на еднодневна посета во Париз, каде што се очекува да се сретне со својот колега Жан-Марк Ајраулт. Египет работи на враќање во погон на мировниот процес како на меѓународно, така и на регионално ниво, пренесува египетското Министерство за надворешни работи.
Последните мировни преговори меѓу Израел и Палестина, кои траеја 9 месеци, беа прекинати без резултат во 2014 година.