Adam Abu-bashal
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
АБУЏА (АА) - Во Африка, 1,2 милијарди лица живеат под ризик поради лошата здравствена заштита, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди претседателот на Банката за развој на Африка (AfDB), Акинвуми Адесина.
Тој нагласи дека 1,2 милијарди Африканци се соочуваат со ризик поради недоволен пристап до квалитетни здравствени услуги среде пандемијата на Ковид-19.
Адесина рече дека Банката за развој на Африка (AfDB) води борба против ефектите на пандемијата врз економијата и здравството и дека ќе ја зајакне поддршката за африканските земји.
Според него, Банката за развој на Африка (AfDB) ќе вложи голема инвестиција во производството на домашна вакцина и во здравствениот систем во Африка.
Тој истакна дека само 51 отсто од јавните здравствени установи имаат пристап до чиста вода, и само 31 од нив имаат пристап до електрична енергија.
Адесина нагласи дека 60-70 отсто од фармацевтските лекови во Африка се увезени.
Како што рече тој, животот на 1,2 милијарди лица на континентот е под ризик.