Ekip
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
ТБММ
Лидерот на турската Партија за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, истакна дека вооружените банди на Ерменија или ќе се повлечат од Нагорно Карабах или ќе бидат згазени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бахчели ова го истакна во своето обраќање на состанокот на парламентарната група на неговата партија во Големото народно собрание на Турција (ТБММ).
„Предлозите за едно решение за судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија преку такви измами како примирје, дијалог, преговори и дипломатија, во оваа фаза се стапица и потврда за пораз. Секоја маса што ќе се постави без да се скрши половината на агресивниот непријател и без да се потврди воената победа од политички аспект, ќе биде компромис. Вооружените банди на Ерменија или ќе се повлечат од Нагорно Карабах или ќе бидат згазени“, рече Бахчели.
Според него, единственото решение на Јужниот Кавказ е Ерменија без образложение да се повлече од турските територии што ги окупира, како и да се постави знамето на Азербејџан во Нагорно Карабах и да се потврди неговиот суверенитет.
„Нема друго чаре, нема друга опција, нема друго решение“, додаде Бахчели.