Betül Yürük
14 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ЊУЈОРК
Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) одлучи дека поранешниот претседател на САД не е виновен за поттикнување на бунтот на 6 јануари, кога демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот, а стигна и реакцијата на американскиот претседател Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој тажен дел од нашата историја потсети дека демократијата е кревка и дека треба да се брани“, рече Бајден.
Додаде дека верува оти сенаторите кои беа против отповикувањето на Трамп, вклучувајќи го и челникот на малцинството во Сенатот, републиканецот Мич МекКонел, веруваат дека „Трамп срамно ја злоупотреби својата положба“.
Нагласувајќи дека во САД нема место за насилството и екстремизмот, Бајден рече: „Како Американци, а посебно како лидери, секој од нас има должност и одговорност да ја брани вистината и да ги надвладее лагите. На овој начин можеме да ја завршиме оваа цивилна војна и да го излекуваме духот на нашата нација.“
За ослободувањето на Трамп од обвинението гласаа 43 сенатори, додека 57 гласаа тој да прогласен за виновен. Против него гласаа седум републиканци.
За двотретинско мнозинство беа потребни 67 гласа.
Трамп влезе во историјата како прв претседател на САД против кој два пати е подигнат процесот на отповикување.