Selçuk Acar
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ЊУЈОРК (AA) - Во екот на предизборната трка за претседателските кандидати воочи ноемвриските претседателски избори во САД, синоќа во Менхетен во Њујрок и градот Феникс во Аризона одржани се протести против Доналд Трамп, републиканскиот претендент за кандидатура, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп во текот на досегашната кампања предизвика големо внимание во јавноста во САД и пошироко со својата антимигрантска, антимуслиманска и радикална реторика. Моментално е во предност во однос на протукандидатите во Републиканската партија, а противниците на неговата политика со масовни протести ширум САД се обидуваат да го запрат на патот кон номинација за претседателски кандидат.
Околу илјада демонстранти се собраа синоќа на Плажата на Трамп во близина на Централниот парк во Мебхетен. "Оди си Доналд Драпм!, "Трамп е расист и ислаофоб,кој ги дискриминира жените" , се само дел од пораките кои ги пратија демонстрантите.
Јулиета Салгадо беше една од присутните на протестот, која во разговор за АА истакна дека поддршката на мигрантите во САД е основен повод за одржување на протестите против Доналд Трамп и порача дека во САД нема место за радикалната реторика и говорот на омраза на Трамп.
И демонстатот Давид Гонзалез тврди дека Трамп со своите настапи јасно покажа дека ги мрази црнците, жените, мигрантите, муслиманите и сите неистомисленици и додава дека би бил погубен неговиот успех во политичкиот живот на САД.
Слични протести организирани се и во градот Феникс во сојузната држава Аризона во која во внатре-републиканските избори за претстојниот кандидат ќе се одржат во вторник.
Повеќе од 100 демонстранти го блокираа сообраќајот во квартот "Fountain Hills" и со слоганите против политиката на Трамп порачаа дека неговата реторика е спротивна на американските вредности на демократијата и солидарноста и ги повикаа медиумите да не му даваат простор на Трамп за огласување.
Протестите поминааа со заслилени мерки на сигурност, а полицијата во Њујорк приведе двајца демонстранти кои не ги почиуваа мерките за одржување на мирни протести.